SEARCH    
Avnet® Technology Solutions
WELCOME TO TECH DATA

IBM Premier Business Partner

Tech Data и IBM во ЈИЕ

Tech Data ја прошири својата соработка со IBM како дел од новиот договор за дистрибуција што треба да поттикне раст на IBM на 12 пазари во Југоисточна Европа (ЈИЕ).

Tech Data нуди производи и услуги на IBM Systems and Technology Group (STG) и на IBM Software Group (SWG) во Албанија, Босна и Херцеговина, Бугарија, Хрватска, Унгарија, Република Македонија, Црна Гора, Република Молдавија, Република Косово, Романија, Србија и Словенија. Ние дизајнираме и испорачуваме програми за развој на канали и воспоставување деловни контакти со цел поттикнување раст на бизнисот во регионот. 

Унгарија претставува средиште на нашиот Центар за усовршување за регионот и дава оперативна поддршка на нашите локални технички и продажни ресурси.

Питер Барта, менаџер за Унгарија и Лидер за ЈИЕ во Tech Data појаснува: „Tech Data има докажано искуство во создавање канали со решенија коишто ја подобруваат способноста на деловните партнери на IBM за обезбедување услуги со додадена вредност на клиентите. Програмите за пазарна едукација фокусирани на нови технологии создадоа заедница на висококвалификувани бизнис партнери способни да ги користат решенијата на IBM  за да ги задоволат потребите на клиентите. Огромно задоволство ни е да ја споделиме нашата експертиза со нови партнери и клиенти во регионот на ЈИЕ.“


За Tech Data и IBM

Tech Data е главен дистрибутер на IBM решенија и им обезбедува специјализирана поддршка на препродавачите, давателите на услуги, системските интегратори и на независните продавачи на софтвер (ISVs) за задоволување на потребите на нивните крајни корисници. Tech Data е еден од најголемите партнери за глобална технологија на IBM и ова партнерство трае повеќе од 25 години, и Tech Data и IBM долги години соработуваат и им помагаат на нашите Бизнис партнери да го „Зголемат нивниот успех“. Нашите Бизнис партнери може да се потпрат на финансиската стабилност на Tech Data и да ги искористат флексибилните опции за финансирање и ресурсите за навлегување на пазарот при проценувањето на потенцијалот на нивните IBM бизнис планови.

Нашиот внатрешен IBM маркетинг тим може да помогне да се обезбеди и искористи маркетинг финансирање од IBM за спроведување целосно интегрирани кампањи со употребна на повеќе канали, додека нашите технички експерти стојат на располагање да помогнат и да ги презентираат најновите технологии и решенија базирани на IBM.
Доколку сте организација која е краен корисник, Tech Data може да Ви посочи IBM Бизнис партнер кој најмногу одговара на Вашите барања - Ве молиме одете на Контактирајте со нас за да пронајдете продажно место на Tech Data во Ваша близина или изберете ја соодветната земја од паѓачкото мени во најгорниот дел од страницата. За да дознаете повеќе за производите, софтверот и решенијата што ги нуди IBM, користете ја таблата за навигација од левата страна.

Ask the experts

Brigita Medja

Solution Sales Representative, Slovenia, Macedonia, BiH, Kosovo, Albania

Darko Damjanski

Business Development Manager

jure.petric@techdata.com

dl-ats-mak-see 

ats.mak@techdata.com

Janko Novak

Business Development Manager, Slovenia, Macedonia, BiH, Kosovo, Albania

Janko.Novak@techdata.com

2018 - Tech Data: Global Microsoft Partner of the Year Award Winner 2018
Factsheet - Our business at a glance


TD Europe Blog TD Europe LinkedIn TD Europe Twitter TD Europe YouTube

We use cookies to ensure that we give you the best experience on our website. If you continue without changing your browser settings we will assume that you are happy to receive all cookies on the Tech Data website. However, if you would like to, you can change the cookie settings of your browser at any time. To find out more about the cookies, see our Privacy Policy and Cookie Statement.

Agree